ВИДЕО: Будимир херој на Осасуна, Валенсија „живна“ со триумфот над Селта

Екипата на Осасуна го совлада Реал Сосиедад со 2-1 (1-0) во натпреварот од 22. коло на шпанската Примера. Херој на домашниот тим беше Хрватот Анте Будимир, кој постигна по еден гол во двете полувремиња и ги обезбеди трите бода за својот тим. 

Сосиедад се утеши само со почесен погодок, кој беше дело на Ори Оскарсон во 94. минута и мораше да се помири со десеттиот пораз сезонава. Осасуна со овој триумф стигна до 30 бода и се врати на седмата позиција, додека баскискиот тим има два бода помалку, доволни за десеттото место на табелата. 

  • Осасуна - Реал Сосиедад 2-1:

Во следното коло Осасуна ќе гостува кај Мајорка, додека Реал Сосиедад на домашен терен ќе се сретне со екипата на Еспањол. 

Валенсија оствари многу важен триумф и ја совлада Селта Виго со конечни 2-1. „Лилјаците“ на нашиот Столе Димитриевски стигнаа до 19 бода и уште се во опасната зона, но оваа победа сигурно ќе биде мотив повеќе во борбата за опстанок во елитата.