И тоа се случи: Лука Дончиќ после 114 меча не погоди тројка

228
0

Голден Стејт го победи Лос Анџелес Лејкерс на гости со 123:116 во најинтересниот натпревар во НБА вечерта. Тоа беше четврта последователна победа на Вориорс, кои го држат петтото место на Западот со 45 победи и 31 пораз, додека Лејкерси се чекор погоре со 46-30.

Кај домаќините Леброн Џејмс имаше 33 поени и девет асистенции и Остин Ривс со 31 поен. Сепак недостасуваше вистинскиот Лука Дончиќ кој постигна 19 поени, а од линијата за три поени имаше 0-6, со што ја прекина серијата од 114 тројки.

Стивен Кари го предводеше победничкиот тим со 37 поени, додека Брандин Поџиемски додаде 28.

“Се обидовме да го подигнеме нивото на игра за да се подготвиме за плеј-офот. Знаеме дека секој натпревар е важен. Интензитетот беше луд, но тоа е она што го сакаме, нешто за што треба да играме и да работиме, тоа е дефинитивно нешто посебно”, изјави Кари за телевизијата ТНТ.

ПретходноСрдановиќ на лето си оди од Вардар, позната е новата дестинација?
СледноКуп на ОФМ: Скопското дерби во фокусот на денешното женско куп-полуфинале