Лажна и замајувачка е дебатата до кога траела лиценцата, кој ја потпишал и слично. Еве, да претпоставиме дека била легална, да траела уште една година? Што со тоа? Повторно е невозможно клубот да добие дозвола за конкретен концерт од ваков обем, за што директно е одговорно (за проценката и дозволата) токму МВР, а тоа таква проценка не направило!
МВР морало да обезбеди противпожарни возила околу објектот поради неговиот обем и ризик, веројатно и кола за брза помош (сето тоа се рутински работи за концерт од ваков обем и на вака ризично место). МВР тоа не го сторило.
МВР, што е најважно и најтрагично, морало да издаде посебна дозвола за користење на пиротехнички средства. МВР таква дозвола не издало, ниту разгледувало, а нивната употреба/злоупотреба била директна причина за пожарот и трагедијата.
Љубомир Д. Фрчкоски – „Како не ви е срам, бре!“, Либертас, ЦивилМедиа, 16 март 2025