Култура премиерата беше во ноември

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

– „12“ е претстава што не остава никого рамнодушен – психолошка длабочина, социјална критика и актери во врвна форма. Сараево не пропуштајте ја!, наведуваат од МНТ.

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „12“ вечер ќе гостува на сцената на Народно позориште – Сараево.

Моќната претстава „12“, како што информира МНТ, е адаптација на култното дело на Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов.

Сараевската публика ќе има можност да ја проследи оваа интензивна драма, изведена од врвна актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

– „12“ е претстава што не остава никого рамнодушен – психолошка длабочина, социјална критика и актери во врвна форма. Сараево не пропуштајте ја!, наведуваат од МНТ.

Премиерната изведба на претставата „12“ беше во ноември 2024 година.

Најнови вести од Култура

To top