Фудбалската репрезентација на Казахстан успеа да стигне до шокатно реми 1-1 на домашен терен против Белгија во натпревар од 7. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Казахстанците стигнаа до шокатно водство од 1-0, уште во 9. минута од натпреварот со погодокот на Сатпаев, резултат со кој се замина на пауза. Гостите успеаја да израмнат преку Ванакен во 48. минута. Домаќините во 79. минута ...

Македонија и тоа како, без разлика како ќе завршат, може да се каже дека имаше успешни квалификации. Како никогаш досега во последното коло имаме шанси за директен пласман на СП, како никогаш досега пред последното коло сме без пораз. Имаме победи со Лихтенштајн на гости и дома, имаме победа со Казахстан на гости. Одигравме без победник со Велс дома, со Белгија и дома и на гости, и одигравме нерешено со Казахстан дома. Се чини најмногу болат ...

Белгија им приреди разочарување на своите фанови со ремито против Казахстан, а секогаш искрениот Жереми Доку не криел дека е разочаран од настапот на националниот тим, но и подготовката направена од селекторот Руди Гарсија. – Ако постигневме гол, ќе победевме. Можеби против Македонија немавме среќа, но на овој натпревар не се работеше за такво нешто. – Ефикасноста ни е ужасна, не успеавме да го победиме Казахстан и тоа е загрижувачко. Веќе ...

Велс и Македонија во вторник, во Кардиф, ќе играат директен дуел за второто место во групата и место во баражот за пласман на Светското првенство 2026. Иако и двете селекции се уште имаат математички шанси и за првото место, сепак, Белгија на домашен терен го пречекува Лихтенштајн во последното коло и се освен убедлива победа ќе биде првокласна сензација. Статистичарите пресметаа дека Велс има 58,4% шанси да дојде до второто место во групата, ...

Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на домашен терен во квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година. Дастан Сатпаев, го отвори резултатот во 9. минута. Белгија изедначи со голот на Ханс Ванекен во 48. минута. Домаќините последните десеттина минути ги одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ислам Чесноков во 79. минута. Казахстан, со 8 бода по 8 натпревари, е четврти во Групата Ј, додека Белгија, со 15 бода од 7 ...