„Потребно ни е повеќе вакцинација, повеќе чипирање, повеќе стерилизација, мораме на хуман начин да го решиме проблемот со уличните кучиња. Секако мора да разговараме и за една тема којашто е сериозна за граѓаните на Скопје – крематориум за домашните миленичиња. Покрај тоа што мораме да го решиме проблемот со уличните скитници, мора да размислуваме и на домашните миленичиња и на еден хуман третман и во однос на едните и во однос на другите“, реше ...
При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни. „Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова. Таа најави план за изградба на ...

