• Мартин Танасковски

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за прв пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло, со победа над италијанскиот ас Лоренцо Мусети во големото финале.
Алкараз, кој дојде во Монако без победа на тој турнир во кариерата, го совлада Мусети по нешто помалку од час и 50 минути тенис со 2-1 во сетови - 6-3, 1-6, 6-0.
Ова беше шеста титула на Мастерс турнирот за Алкараз во кариерата, додека Мусети беше поразен во своето прво финале во категоријата 1.000, а мечот го одбележа трагичен трет сет кој Италијанецот го одигра повреден.
Ова е осумнаесетта титула на младиот Шпанец во кариерата и втора во 2025 година по Ротердам. Алкараз ќе се врати и на второто место на АТП-листата, каде од понеделник ќе го мине Зверев, додека Мусети ќе стигне до 11-тото место во кариерата.