Скопје

(Видео) Додека градоначалничката на Скопје во заминување пишува на „Фејсбук“, ние спасуваме човечки животи на терен, и врати Ѓорѓиевски на Арсовска

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и одговори на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по прозивките дека се сликал кај Маркова река.

„Додека градоначалничката на Скопје, во заминување и одговорност пишува на Facebook од удобна фотелја, ние спасуваме човечки животи на терен. И да не се грижи, повторно ќе бидат во функција и пожарна, водовод и сите ЈП – Скопје повторно ќе биде горд град! Остануваме на терен цела вечер, во овој момент ги одзатнуваме шахтите, вршиме мобилизација на нашите ресурси за жителите да немаат катастрофални последици!“, напиша Ѓорѓиевски објавувајќи видео.

Под објавата, до моментот на објавување на овој текст имаше пет коментари.

На почеток