Милошоски и Филков со меѓусебни обвинувања, премиерот вели – имале лош ден
Милошовски и Филков имале лош ден а изнесените ставови еден против друг најдобро е да останат само на лична основа вака премиерот Мицкоски ја коментира расправата и мислењата кои меѓусебно ги разменија неговиот сопартиец Милошовски и коалицискиот партнер и министер за правда Филков откако во ТВ гостување пратеникот на ВМРО ДПМНЕ го впери прстот кон министерот за правда дека не бил задоволен од перформансите кои ги има и како се справува со функцијата прв човек на министеството за правда . Мицкоски денеска само се дообјасни дека ги почитува и двајцата и дека бил свесен со какви предизвици се справувал Филков кога ја наследил министерската фотеља во правда .
И додека во јавноста стануваат актуелни прашањата околу евентуалните владини коалициски превирања како и оние меѓу Влен откако пред некој ден Таравари изрази сомнеж дека нековите коалициски партнери имаат канали кои ги поврзуваат со Ахмети а пак Меџити и Касами го демантираа - Мицкоски и денеска тврди дека и коалицијата со Таравари била стабилна .
Таравари и во последните изјави се дообјаснуваше дека нормално е во една партија некогаш да се појават и различни мислења а не пак во коалиција која ја сочинуваат повеќе политички фактори . Во меѓувреме и денеска Вреди во официјална реакција прстот го вперија кон Мала речица дека како што велат ДУИ е партија која само се обидува да ги заштити своите поранешни функционери откако интегративците прашуваа кој и зошто се плаши од формирање на собранискот тело за настаните во Кочани кое би работело под меѓународен мониторинг .