Кристијано Роналдо, 40-годишниот напаѓач, ќе го продолжи договорот со Ал Наср на уште две години, пренесува „Спорт Италија“.
Португалскиот фудбалер му се приклучи на саудискиот клуб во зимата 2023 година по неуспешната сезона во Манчестер Јунајтед. Легендарниот напаѓач одигра 98 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигна 88 гола и забележа 19 асистенции.
Во тековната сезона Роналдо настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 30 гола и забележа четири асистенции.
Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, а претходно се шпекулираше дека за новиот двегодишен договор ќе заработи дури 200 милиони евра.