Двајцата големи тениски ривали Роџер Федерер и Рафеал Надал се појавуваат заедно во новата кампања на Луј Витон.
За потребите на француската модна куќа овој пат од терените се преселија на снежните Доломити во Италија.
Надал и Федерер се избрани за кампањата “Core Values” која ја слави посветеноста на тоа да се биде најдобар.
И двајцата во неколку прилики имаат зборувано за нивното здраво ривалство, кое трае над 20 години, но и за фактот дека надвор од теренот се однесуваат навистина пријателски.
Федерер и Надал метафорички имаат освоено многу врвови за да стасаат каде што се сега.
Самата позиција која е избрана за снимање на кампањата одлично ја симболизира нивната позиција на крајот на врвните кариери.
Зад фотографиите стои маестралната Ени Лебовиц.
View this post on Instagram
View this post on Instagram