„Идејата на проектот ‘Градски воз’ е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во ...
Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“, Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, и треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето. Делови од брзата пруга што треба да почне да се гради, пак, би се користеле во 2028 година, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – Идејата на проектот „Градски ...

