Атина, 18 септември 2025 (МИА) – Во земјата, и покрај кризата јужно од Крит, има 30 отсто помалку пристигнувања на нелегални имигранти во споредба со лани, бидејќи очигледно во многу голема мера се намалени брановите во поморската област, а кај Еврос се сведени на нула, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. За моменталната ситуација на Крит, каде што во ...

За моменталната ситуација на Крит, каде што во текот на викендот имаше нов наплив на мигратни и во привремениот центар се наоѓаа околу 1.200 лица, кои постепено се пренесуваат кон континентална Грција, Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа каква е процедурата за нив, објасни дека поради „многу големиот проблем со мигранти од Северна Африка во текот на летото“ беше донесен и амандманот што предвидува ...