Издумани Крлевизми: „Вистината не е веќе во виното. Си кажуваме сѐ и со вино“

Објавено на 14 февруари, 2025 во 10:24

Афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски по повод празникот на лозарите и градинарите Свети Трифун како и Ден на вљубените ги препорачува за читање следниве афоризми:

„Секоја вистина ни е заедничка. Со жена ми пиеме вино од иста чаша.“

„Времето работи за винариите.“

„Вистината не е веќе во виното. Си кажуваме сѐ и со вино.“

„Денес љубовта е чудо. Цело чудо за три дена.“

„Пиев за да го најдам одговорот, а го заборавив прашањето.“

„Кога се враќам дома пијан, жена ми е како лажен профил на Фејсбук.“

„Љубам – значи постојам! Познавам многу луѓе кои не постојат.“

„Жената е како алкохолот. Те опива и те остава сам да се трезнеш.“

„Денес љубовта се докажува со материјални докази.“

„Ништо така не ја грее душата на мажите како ладна жолта!“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License