Свет Израелска блокада

Газа: Животите на новороденчињата во опасност поради глад и недостиг на лекови

Лекарите истакнуваат дека дури и најосновните потреби не можат да се задоволат поради строгата блокада и недостигот од медицински средства.

Газа: Животите на новороденчињата во опасност поради глад и недостиг на лекови

Поради израелската блокада, новороденчињата во Појасот Газа се во сериозна опасност од глад и недостиг на неопходна медицинска нега, јавува Анадолија.

Палестинските педијатри кои работат во медицинскиот комплекс Насер предупредуваат дека бебињата – особено оние со слаб имунитет или вродени заболувања – не можат да добијат основна исхрана и терапија. Лекарите истакнуваат дека дури и најосновните потреби не можат да се задоволат поради строгата блокада и недостигот од медицински средства.

Според податоците на палестинските власти, од почетокот на израелските напади во октомври 2023 година, во Газа загинале околу 51.000 лица, од кои најголемиот дел се жени и деца. (МИА)

To top