• Горан Упале
Милвоки Бакс по голема драма и продолжение славеше во соочувањето со Мајами Хит со 121-115 (111-111). На овој начин тимот од Висконсин обезбеди пласман во плеј-офот на НБА лигата, а апсолутен херој беше Јaнис Адетокумбо.
„Грчкиот ѕвер“ оствари нов „трипл-дабл“, овојпат со 36 поени, 15 скока и 10 асистенции. Кевин Портер Јуниор додаде 24 поени, а кај поразениот тим Бем Адебајо реализира 31 поен, 12 скока и пет асистенции. Пред последниот МВП пресек, Адетокумбо сериозно му се закани на Никола Јокиќ, кој е пред него на второто место, додека Шаи Гилџес-Александер останува на првата позиција.
Лос Анџелес Клиперс по вторпат во два дена го победи Далас Маверикс, овој пат со резултат 135-103. Оваа победа на екипата на Калифорнија е многу важна во борбата за плеј-офот, бидејќи сега пласманот во разигрувањето за титулата е практично обезбеден.
Клиперси до убедлива победа ги предводеше тандемот Џејмс Харден и Каваи Ленард, двајцата со по 29 поени, додека Ивица Зубац постигна 25 поени. Во тимот на Далас најдобар беше Ентони Дејвис со 27 поени и девет скока.
На останатите два натпревари во НБА вечерта, Мемфис славеше кај Детроит, додека Филаделфија загуби од Минесота.