Почнува Ф4 турнирот во Купот на ОФМ: Штип УГД подготвен да го брани трофејот

177
0

Со двата полуфинални дуели во машка конкуренција, денеска во салата „25 Мај“ во Радовиш започнува финалниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија во машка и во женска конкуренција.

Бранителот на трофејот Штип УГД во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочи со Работнички 71&22, додека во вториот попладневен дуел ќе се сретнат екипите на Струмица 47&72 и ГОК Борец. Штипјани имаат сериозни амбиции оваа сезона, откако го запоседнаа врвот на табелата во домашното првенство, а со фаворитска улога влегуваат и во денешното полуфинале. Еден од најдобрите одбојкари на штип УГД, Стефан Алексов, пред денешниот меч со Работнички вели дека не очекува интересна завршница на купот и оваа сезона.

„Очекувам возбудлива завршница на одбојкарскиот куп на ОФМ. Во полуфиналето не очекува дуел со Работнички, тим кој секогаш игра цврсто и мотивирано. Како бранители на трофејот, ние во Штип УГД сме максимално подготвени и мотивирани да ја одбраниме титулата. Знам дека нема да биде лесно, но ќе дадеме сè од себе да стигнеме до финалето и повторно да го подигнеме пехарот. Се надевам на добра игра и фер натпреварување, и ги поканувам и сите љубители на одбојката да дојдат и да ја поддржат својата екипа“, вели Алексов.

Штип УГД минатата година успеа да направи историски резултат освојувајжи го куп-трофејот, но оваа сезона и Работнички и Борец, а особено Струмица ќе бидат сериозни конкуренти за куп-титулата.

КУП НА ОФМ 2025

ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ДЕНЕСКА:

16.00 ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22

19.00 СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ

ПретходноДали е готово: Салах уште две години во Ливерпул?!
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Тиквеш и Шкендија, Стојчевски “главен“ на Чаир!