Мицкоски: Анкетна комисија да, ако се опфатат и случаите како модуларна болница, Ласкарци, Дурмо Турс
Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со лидерот на СДСМ Венко Филипче, откако тој предложи лидерска средба. Мицкоски денеска му порача на Филипче доколку има конкретен предлог и план затоа што треба да се направи по тргедијата во Кочани, дека тој е секогаш тука на располагање да го прими. Според премиерот ова е пресериозна тема и не е добро за тоа да се разговара преку медиуми.
Христијан Мицкоски -премиер
„Тој може да го соопшти тој план и преку прес конференција, но доколку цени дека мене треба претходно да ме информира и запознае јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап, така што еве оставам на нив доколку тие ценат дека навистина имаат таков план со кој сакаат мене да ме запознаат, јас сум подготвен во термин којшто тие мислат или тој мисли дека треба да бидам запознаен да го примам и да поразговараме на оваа тема“ .
Околу барањето за анкетна комисија за истрагата во Кочани Мицкоски кажа дека е прифатливо, но само ако бидат опфатени и случаите од минатото како пожарот во Модуларната во Тетово и несреќата кај Ласакрци. Запарашан за незадоволството на опозицијата од начинот на кој се води исрагата за пожарот во Кочани, премиерот потенцира дека е водена од обвинители кои самите тие ги избрале, додека и дека паузирањето на процесот на разрешување на државниот обвинител Коцевски не е трајно туку е оставен простор на обвинителите да ја завршат истрагата за Кочани.
Христијан Мицкоски-Премиер
„Истите обвинители беа миленици на истите тие СДСМ и ДУИ кои што сега велат дека не се задоволни од истрагата што овие ја прават. Јас би ги прашал дали беа задоволни од истрагата за Модуларната болница, за Ласкарци, за Беса Транс, за трговцскиот центар Соравија во центарот на Скопје и уште многу други истраги кои беа изминатиот период беа пзонато во јавноста. Апсолутно не бегам од никаква анкетна комисија, претпоставувам ниту ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме и со сите овие останати судски случаи коишто завршија на начин на кој што завршија. Така што подготвени сме да дебатираме со секој оној кој што цени дека може да помогне или да додаде вредност во процесите.“
Вчера и министерот за здравство Арбен Таравари од редовите на коалицијата ВРЕДИ коментирајќи го барањето на Филипче рече дека сега не е момент за лидерска и дека тоа би било само губење време. Од СДСМ пак најавија дека сите детали околу лидерската Филпче ќе ги објави неделава.Во однос на иницијативата на СДСМ за заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Мицкоски смета дека е рано да се зборува за избори по само две недели од несреќата.