Штотуку заврши обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп кон американската и светската јавност пред Белата куќа, објавувајќи ја извршната наредба со која ќе се воведат реципрочни царини за земјите во светот. „Денеска имаме многу, многу добри вести“, вака го започна своето обраќање Трамп. „Ова е Денот на ослободувањето“, порача тој пред присутните, дочекан со аплауз.
Tрамп ја објасни наредбата: „За неколку моменти ќе потпишам историска извршна наредба, реципрочни царини за земјите во светот. Реципрочно. Тоа значи дека тие ни го прават тоа и ние им го правиме ним. Многу едноставно. Не може да биде поедноставно од тоа“.
Трамп ја промовираше својата теорија дека царините ќе ја вратат „златната доба“ за САД, фраза што ја употреби и во својот инаугуративен говор: „Работните места и фабриките ќе се вратат во нашата земја, гледате дека тоа веќе се случува. Ќе ја дополниме нашата домашна индустриска база“.
Негативните последици од одлуките на Трамп ќе ги почувствуваат компаниите од регионот Адрија кои се дел од европскиот синџир на снабдување за автомобилската индустрија.
Трамп веќе го означи 2 април како „Ден на ослободувањето“ (Liberation day) бидејќи новите давачки треба да го зајакнат американското производство, да обезбедат големи приходи во државната каса и да доведат до намалување на даноците.
Повеќе од половина од компаниите од S&P 500 ги наведуваат тарифите како фактор на ризик
01.04.2025
Автор: Aleš Kovačič
Тој вели дека реципрочните царини ќе донесат „посилна конкуренција и пониски цени за потрошувачите“ во САД. Тоа е всушност токму спротивно од она што директорите на автомобилските компании мислат дека ќе се случи. Тие не само што се плашат од повисоки цени туку и од помала конкуренција на глобално ниво“.
Трамп го повторува она што претходно го најави, дека САД на полноќ ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили од странско производство.
Како пример, Трамп вели дека САД наметнуваат тарифи од само 2,4 отсто за мотоцикли, додека Индија наплаќа 70 отсто, Виетнам 75 отсто, а други дури и повеќе од тоа. Тој ги прозва двата американски сојузници со големи автомобилски индустрии, Јапонија и Кореја. Ја прозва и „Тојота“ по име затоа што продала милион странски автомобили во САД.
Американскиот претседател искажа поддршка и за земјоделците. Според него, тоа се луѓето што би можеле да биде првите што ќе ги почувствуваат ефектите од одмаздничките царини од други земји, бидејќи тие нации вовеле големи давачки за американските житарки и други стоки. „Со денешните акции се залагаме и за нашите големи фармери и ранчери“.
„Трамп ги наведува канадските царини за млекото. Еве добро објаснување за што зборува. Огромното мнозинство млечни производи што САД ги извезуваат во Канада се без царина. Но САД би сакале канадските правила да бидат пофлексибилни за дополнително да го отворат пазарот за американските фармери“, објаснува уредникот на канадскиот „Блумберг“, Дерек Деклое.
Трамп воведува основна царина од најмалку 10 проценти за сите земји. За оние што имаат повисоки царини од 10 проценти за американски стоки, Трамп воведува реципрочни царини, но, како што рече, со дисконт од 50 проценти. Па така, Македонија, која ги царини американските стоки со 65 проценти, отсега ќе извезува во САД со царини од 33 отсто. Тој на голем постер со табела со реципрочни тарифи, ја именуваше секоја земја на списокот, велејќи за Тајван дека „ги зеде сите наши компјутери и чипови“. Кина, ЕУ, Виетнам, Тајван и Јапонија се на врвот на листата на земји што ќе добијат реципрочни царини.
Листата на царини: За Кина 34 отсто, за ЕУ 20 отсто
САД ќе ѝ наплатат царина од 34 отсто на Кина, Европската Унија добива 20 отсто, Јапонија ќе се соочи со царина од 24 отсто. Највисоко е моментално за Виетнам - 46 проценти. Значи - европската 20 отсто, Виетнам 46 отсто, Камбоџа 49 отсто, Тајван 32 отсто, Јапонија 24 отсто, Јужна Африка 30 отсто, Индија 26 отсто, Јужна Кореја 25 отсто, Тајланд 36 отсто, Швајцарија 31 отсто, Индонезија 32 отсто.
Трамп вели дека им носи малку „тешка љубов“ на американските трговски партнери. Се сеќава на трагично починатиот јапонски премиер Шинзо Абе. Тој вели дека Абе сфатил дека нешто треба да се промени во трговијата.
Тајван, каде што се произведуваат повеќето напредни светски микрочипови, ќе се соочи со реципрочна тарифа од 32 отсто, според табелата на Трамп. Трамп верува дека заканата од американските царини ја натера ТСМЦ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co)., водечки производител на чипови што се користат во вештачката интелигенција, да ги прошири своите американски инвестициски планови за дополнителни 100 милијарди долари.
„Дојдете во Америка и нема да има царини“
Трамп ги наброја компаниите што ветиле инвестиции откако тој ја презеде функцијата, вклучувајќи и 500 милијарди долари од „Епл“ (Apple Inc.) - иако „Епл“ веќе најави голем дел од тоа претходно. Трамп пофали неколку компании што најавија инвестиции во САД и се надева дека ќе има повеќе доколку неговите тарифни планови функционираат како што е предвидено. Претседателот ги пофали „Софтбанк“ (Softbank), „Опен еј-ај“ (Open AI), „Оракл“(Oracle), „Енвидија“ (NVIDIA) и ТСМЦ (TSMC).
President Donald Trump says he's imposing tariffs on US trading partners worldwide during an event in the White House Rose Garden. Trump will apply a minimum 10% tariff on all exporters to the US, according to the Wall Street Journal https://t.co/J2ZDIby6YXpic.twitter.com/olJV4W16BA
— Bloomberg TV (@BloombergTV) April 2, 2025
Доналд Трамп рече дека компаниите што ги произведуваат своите производи во САД нема да плаќаат никакви тарифи.
„Нема тарифа ако го правите вашиот производ овде, во Америка“, рече претседателот. Тој најави и дека наскоро ќе почне да добива повици од „кралеви, кралици и амбасадори“ што ќе бараат ослободување од царина.
Неговата порака до нив е: „Отстранете ги сопствените царини, отстранете ги бариерите, престанете да манипулирате со валутите... и почнете да купувате десетици милијарди долари вредни американски стоки“.
Што извезува Македонија во САД?
Македонскиот извоз кон САД во 2024 година се зголемил за 220 отсто споредено со 2023 година. Иако растот изгледа огромен, вредноста на извозот не е особено значајна. Во текот на минатата година од земјава кон САД се извезени стоки во вредност од над 118 милиони евра, што е незначително во однос на вкупниот извоз на земјава. Според статистичките податоци што се однесуваат на минатата година, од Македонија на американскиот пазар најмногу завршуваат машини и транспортни уреди. Од вкупно 118 милиони долари, над половина од вредноста на извозот е остварена токму од такви производи. Следните позначителни ставки се храната, живите животни, пијалаците и тутунот.
Пресметките на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ покажуваат дека лани од Македонија биле извезени алкохолни пијалаци во вредност од 70 милиони евра, а уделот на извозот кон САД е само 1,1 отсто. Сепак, Дане Јованов, кој долги години е вклучен во винската индустрија, во гостување на ТВ Блумберг Адрија образложи дека царините на Трамп ќе ја загрозат позицијата на македонското вино на меѓународниот пазар.
Ако директните последици барем засега се сведени на минимално ниво, индиректните последици веќе на големо се чувствуваат. Имено, во Македонија веќе почнаа да се затвораат фабрики што ја снабдуваат со делови европската автомобилска индустрија, а некои од нив најавија отпуштања поради намалениот обем на работа. „Аптив“, чии главни клиенти се „Фолксваген“ и „Стелантис“, ја затвора фабриката во околината на Скопје и ќе отпушти околу 500 работници, а „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, најави намалување на бројот на вработени поради намалениот обем на работа. Се чини дека овој негативен бран во автомобилската индустрија поради тарифите на администрацијата на Доналд Трамп наскоро може да прерасне во цунами, кое ќе ги поплави и Македонија и земјите од регионот Адрија, каде што има значителен број извозни капацитети што живеат од европската автоиндустрија.
Од Министерството за дигитална трансформација велат дека веќе активно се работи на проектот што, меѓу другото, опфаќа и воведување дигитални возачки дозволи.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.