Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во четири полициски интервенции приведени шест лица за дрога

На 07.02.2025 во 22.30 часот на стариот пат од Прилеп за Битола, кај село Беровци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина лишиле од слобода три лица на возраст од 27, 20 и 20 години, сите од Битола. При преглед кај нив, кај две лица била пронајдена и одземена марихуана, додека при преглед во патничкото возило “пежо“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени неколку шишиња исполнети со жолтеникава течност. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 08.02.2025 во 01.45 часот пред ноќен клуб во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода лице на возраст од 34 години од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 07.02.2025 во 21.20 часот на ул. “Караорман“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 27 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 07.02.2025 во 15.40 часот на ул. “Брегалничка“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена   прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.