logo
logo
logo

Се огласи Белата куќа по наводите дека Маск се повлекува

Vecer | 02.04.2025

Се огласи Белата куќа по наводите дека Маск се повлекува

Белата куќа ја нарече веста „ѓубре“, а портпаролката на Трамп, Каролин ЛаВит, на социјалните мрежи рече дека Маск „ќе си замине кога ќе ја заврши својата работа“, иако таа не даде временска рамка, објави Анадолија.

Времетраењето на улогата на Маск во Одделот за владина ефикасност (DOGE), каде што тој ги надгледува големите намалувања на американската влада, никогаш не беше јасно дефинирано.

Маск има статус на „специјален вработен во владата“, што му ја ограничува службата на 130 дена годишно. Во неодамнешното интервју за Фокс њуз, Маск рече дека верува оти DOGE „ќе го направи најголемиот дел од потребната работа“ во таа временска рамка.

Извештајот на Политико доаѓа откако Маск доживеа голем политички неуспех на изборите во Висконсин, каде што потроши 20 милиони долари за поддршка на конзервативен судија кој ја загуби трката за место во Врховниот суд на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk