Исплатена првата транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите
Денес, Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежни инвестиции, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства.
Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата.
Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.
Развојната банка во периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите.