• Иван Димовски

Карлос Алкараз за помалку од два часа го реши дуелот од првото коло на Австралија Опен против Александер Шевченко (3-0). Шпанскиот фаворит во Мелбурн во „Маргарет Корт Арената“ одигра убедливо, недозволувајќи никакво изненадување против Казахстанецот.
Фуриозно тргна Шпанецот, првиот сет го реши во своја корист за 29 минути со три брејка и 6-1. Шевченко успеа да пружи отпор во првиот сет, се врати од брејк предност одземајќи два сервиси на фаворитот и имаше водство од 5-3. Сепак, тогаш Алкараз се разбуди и ги доби сите четири преостанати гема со два брејка за 7-5.
Во третиот сет третиот носител на турнирот беше уште поубедлив бидејќи го реши за најкратки 28 минути. Двапати Алкараз напрви брејк, а во седмиот гем Шевченко спаси четири меч-топки пред да капитулира (6-1).
Во втората рунда Карлос Алкараз оди на мегдан со Јошихито Нишиока.
Григор Димитров поради повреда се повлече на стартот на вториот сет при негатива од 1-0 и 2-1 во гемови против младиот Франческо Пасаро од Италија. Од фаворитите својата улога ја оправда Феликс Оже-Алијасим победувајќи го Јан-Ленард Штруф со 3-1 (6-3, 6-0, 4-6, 6-1).