• Горан Упале

Фудбалската селекција на Холандија ја чека исклучително тешка задача во четвртфиналето од плеј-офот во Лигата на нации. „Лалињата“ ќе се судрат со европскиот првак Шпанија, а првиот меч се игра на 20 март, додека реваншот е три дена подоцна.
Селекторот на Холандија, Роналд Куман, денес го објави списокот на играчи на кои ќе смета за споменатиот двомеч. Нема големи изненадувања, а Холандија ќе се потпре на веќе докажани имиња како Ван Дajк, Дамфрис, Тимбер, Де Лихт и други.
Кога станува збор за нападот, Џошуа Циркзе од Манчестер Јунајтед не е повикан, но се враќа Мемфис Депај.
Некогашниот и сегашниот европски шампион првиот натпревар го играат во Амстердам, додека домаќин на реваншот ќе биде „Местаља“ во Валенсија.