МАКТЕЛ

    

КОРУПЦИЈАТА Е ОГРОМЕН БЛОКАТОР НА РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА, ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА ГО ДВИЖИ СВЕТОТ, А ПОЧИТУВАЊЕТО НА СТАНДАРДИТЕ Е РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ

      

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, разговара со трите жени менаџерки кои оставаат белези во коморското работење како решителни, упорни, одлучни и радикални во своите ставови за подобро утре во бизнисот. М-р Ангелка Пеева-Лауренчиќ истакнува дека сè е бизнис и дека преку својата работа ја прикажува и другата страна на бизнисот, а тоа го приближува и до другата целна публика, која не е само потрошувачи и купувачи.

„Да отвориме простор бизнисот на еден хуман и убав начин да се претстави во јавноста, дали тоа ќе биде преку маркетингот за општата публика, преку односите со јавноста или преку теренските промоции. Постои еден склоп на активности во работата во функција на прикажување на бизнисот спрема различната целна публика и спрема целата јавност, а и самото тоа е бизнис“, потенцираше м-р Лауренчиќ.

   

 

 

Според м-р Лауренчиќ, ако се сака да се започне со бизнис, треба да се бара потребата за тоа, а не да се размислува за производот затоа што секогаш има нешто што некому му треба и го нема на пазарот.

Во фокусот на работењето на д-р Дуковска-Павловска, директор на „Макстил“ АД Скопје и претседател на Центарот за циркуларна економија во рамките на Комората, е минимизирање на отпадот или нула отпад при работењето, што е поврзано со циркуларната економија, која е релативно нов бизнис-модел и која се темели врз три принципи: елиминирање на отпадот и намалување на загадувањето, одржување на производите и на материјалите што е можно подолго во употреба и зачувување на природните ресурси. Д-р Марија Дуковска-Павловска постоењето на овој центар го гледа како партнер на државата во усогласувањето на законската регулатива со ЕУ-регулативите и со заложбите на ОН.

 

 

„Во Центарот за циркуларна економија се сите клучни чинители кои имаат директно влијание од законите што се носат и што се во контекст на циркуларната економија. Тоа е широк поим, кој ги опфаќа и зелената агенда и зелените вештини и пресметката на сибам и декарбонизацијата“, истакна д-р Павловска.

Во разговорот со претседателот Азески на темата за корупцијата на регионално и на национално ниво, за која никој не сака да зборува, д-р Блажевска потенцираше дека корупцијата е огромен блокатор за развојот на една држава и дека мора да се преземат радикални мерки за справување со неа.

 

 

„Гледано во глобални рамки, а особено во Македонија, корупцијата е огромен блокатор за развојот на државата и во голема мера, во изминативе 30-ина години откако е Македонија независна, таа е еден од најзначајните фактори што имаме толку низок раст на БДП. Денес се потребни поодлучни чекори од сите изминати влади и можеби е време да се донесе Законот за потекло на имотот, да се стимулира картичното работење, да се намали готовинското плаќање во државата, но и да се направи промена на Законот за финансирање на политичките партии. Тоа се конкретни мерки“, истакна д-р Блажевска.

Според неа, Владата треба да биде помала и покомпактна, услугите да бидат дигитализирани и јавно да се изнесуваат барањата и одлуките за решавање на барањата.

Во новиот подкаст фокусот се става и врз односот политика–бизнис, а д-р Лауренчиќ, која имала можност да ги запознае двете страни, зборува за разликата меѓу политичар и бизнисмен.

„Кога сте на страната на политиката, имате чувство дека многу работи се вртат околу вас и дека се наоѓате во прилично комотна позиција; дебатирате за прашањата, не сте притиснати со рокови, можете да си ја дадете слободата да пропуштите некој ден и да не направите ништо. Од друга страна, пак, влогот што го давате треба да биде, условно кажано, послушност спрема лидерот каде што припаѓате и таа цена ја плаќате уште кога ќе влезете во политиката. Нашиот плурализам не дозволи издвоени мислења и лобирање за различни мислења и во Парламентот и во различните политички партии, што резултираше со вртоглав пад на квалитетот на кадровските состави, особено видливо во Парламентот од почетокот до денес“, потенцираше д-р Лауренчиќ.

Во продолжение истакнува: „Од друга страна, бизнисот е подинамичен, многу поодговорен и бара голема дисциплина. Особено кога сте лидер во бизнисот, носите одговорност не само за себе и за своето семејство, туку и за луѓето што ги вработувате и за нивните семејства. Нема пропуштен ден и пропуштен рок ако сакате да опстанете на пазарот. Ако сакате да бидете први на пазарот, мора да дадете и повеќе од тоа што се бара.“

Според неа, здраво е за секој што сака да се занимава со политика прво да работи во бизнисот, да научи како се создава нова вредност и како се создаваат услови за преживување на особено тежок пазар каков што е нашиот македонски пазар, затоа што е специфичен по многу основи, па дури тогаш да оди во политиката и да сфати колку голема штета му се прави на бизнисот и кој ја создава новата вредност од која живеат и пензионерите и здравствениот систем и образованието и инфраструктурните проекти.

Во разговорот со претседателот Азески на темата за разликата меѓу странските и нашите компании, д-р Анита Блажевска, која е на раководна позиција на меѓународна компанија, истакнува:

„На прво место, тргнувајќи од мојата компанија, се грижата и односот што ги негува компанијата спрема вработените и спрема нивниот развој, но и почитувањето на стандардите при работењето во поглед на квалитетот на производите. Но и македонските компании кои ги исполнуваат и ги почитуваат стандардите за квалитет се познати надвор од Македонија.“

„’Макстил’ е дел од голема меѓународна групација, но, сепак, е со повеќе македонски вредности, а основната разлика е во неискажувањето на мислењето. Таму каде што владее повеќе меѓународната култура вработените се послободни да зборуваат, да ги кажат и да ги пријават сите неправилности. Во интернационалните компании има постојани пријавувања на неправилности. Во компанија каде што има повеќе македонска култура нема толку пријави на неправилности затоа што вработените не веруваат во дискрецијата на ваквите системи. Менталитетот и културата се основната разлика меѓу домашните и странските компании“, потенцираше директорката на „Макстил“ Павловска.

ПР Објава

  

Најново

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Дурмиши : Дали Владата има намера да го одблокира социјалниот дијалог во интерес на работниците?

Sase Ivanovski

„Добро сторивме“, вели претседателката за резолуциите во ООН

Sase Ivanovski

Филипче: Шокиран сум од денешната навреда од министерката Кочоска кон пратеничката Петровска

Sase Ivanovski

Жозе Мурињо доби суспензија поради коментарите по дербито со Галатасарај

Sase Ivanovski

Рубио „кимнува“ за коридорот Индија-ЕУ

Sase Ivanovski

Илир Мета останува во притвор, најавува жалба во Стразбур

Sase Ivanovski

Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа.

Sase Ivanovski

ГРОМ е згрозен од безобразието и некултурата на министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска

Sase Ivanovski

Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Исламската верска заедница му се налути на Уставниот суд, не ѝ се допаѓа што повел постапка

Sase Ivanovski

Рубио објаснува зошто Трамп сака да ги затопли односите со Москва

Sase Ivanovski

Магла на Стража и накај Крушево, возачите да внимаваат

Sase Ivanovski

Трамп или Путин – кој ја тера Европа да се вооружува?

Sase Ivanovski

Легендарниот Земан примен во болница, доживеал мозочен удар

Sase Ivanovski

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје, Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стаменкоска-Трајкоска: Во 2021 година Клиниката за онкологија до Фондот за здравство исплатила фактури за потрошени лекови чиј износ бил за 9 милиони денари понизок од износот евидентиран во материјалната евиденција, штетата која ја нанесе СДС е непоправлива

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Мисајловски: До кога ќе терате со политички притисоци врз припадниците на АРМ?

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода

Sase Ivanovski

Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.

Sase Ivanovski

Александар Трајановски од денеска повеќе не е заменик градоначалник на Град Скопје

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Учествувам на пленарна сесија на Комитетот за градење на отпорност, во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Sase Ivanovski

Косовци избегале и оставиле комбе со 180 пакети храна кај Танушевци

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski

МНР отповика осум амбасадори

Sase Ivanovski

Ваша пратка, ваши правила: Доаѓа ли новото ниво на удобност во доставата?

Sase Ivanovski

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: јавната расправа за Концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не вродува со плод

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена

Sase Ivanovski

Џеф Безос воведe нови насоки за новинарите на Вашингтон пост, уредникот на рубриката Мислења даде отказ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Sase Ivanovski

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Sase Ivanovski

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

Sase Ivanovski

Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игрите Garden Story и World War Z Aftermat се бесплатни на Epic Games уште денес

Sase Ivanovski

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп

Sase Ivanovski

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва

Sase Ivanovski

ДОМ бара ремедијација на локацијата во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДОМНЕ, Кирков: Зоолошката градина која за една година ќе прави 100 години од своето постоење ги доживува своите најтемни денови

Sase Ivanovski

Средба на Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. со генералниот секретар на Долниот Дом на Британскиот парламент, Том Голдсмит

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО) БРАКО/Грин Машинс: 9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ЕДРМ: СО ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ДО ПОЧИСТА И ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти, обезбедуваме пристојни услови за живот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките

Sase Ivanovski

Град Скопје: Демант на изјава на Алаксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

Sase Ivanovski

Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПАБСЕК во Истанбул

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во нашата држава би претставувал враќање на довербата на младите во институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: 732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марковска Илиевска: Скоро секоја втора седница на Совет има некаква одлука за Сарај, не верувам дека толку придонесува со даноци и комуналии, затоа да ни достават која општина колку придонесува во градот Скопје

Sase Ivanovski

Охрид SOS: УРБАНИСТИЧКИ МЕТАМОРФОЗИ – Истражувајќи низ планската документација за опфатот кај Маларична, почнаа да излегуваат на виделина чудни ситуации.

Sase Ivanovski

Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стојановски: Нема да ја поддржиме одлуката за намалување на линискиот превоз на патници на градот Скопје

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски најави посета на сите осум пензионерски клуба во Центар: Ние сме пример за грижа кон пензионерите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевска: Со овие пратенички прашања ќе делуваме просветителски до опозицијата која се претвори во центар за дезинформации и манипулации

Sase Ivanovski

Мицкоски до Ајдари: Поради аздисаноста на претходните функционери од вашата партија, буџетот не во состојба да понуди добри плати за граѓаните

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Економијата оди надолу, стандардот на граѓаните опаѓа поради неспособноста на власта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Петровска до Мицкоски: Неодлучноста со Резолуцијата во ООН ја маргинализира земјата на меѓународен план

Sase Ivanovski

(ФОТО) Град Скопје: Реконструкција на спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Фатени крадци во Кавадарци, следува пријава

Sase Ivanovski

МЗСВ: Исплатени 169.222.200 денари на 5.566 пчелари по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата посветено работи, преку зголемување на инвестициите да го подобри стандардот на граѓаните и да овозможи раст и развој на економијата

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД: Раст на консолидираните продажби од 15 %, извоз од 210,5 милиони евра и инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski
Вчитувам....