Стилските игри со колор-блок комбинации се одлични за похрабрите модни ентузијасти.
Ако и вие спаѓате во љубителите на бои, оваа техника со спојување на навидум неспоиви нијанси е токму за вас.
Она по што е препознатлив колор-блок аутфитот е тоа што комбинира минимум две контрасни и впечатливи бои.
Жолта и сина, зелена и розова, виолетова и портокалова и речиси секоја друга нијанса. Доколку умешно комбинирате може да вклучите и повеќе од две бои, а ова се однесува и на модните додатоци и чевлите.
Токму тие можат да го разиграат стајлингот доколку не сакате да бидете премногу "шарени."
Колор-блок комбинациите можат да се состојат и од само едно парче облека и повторно да се постигне истиот ефект како на пример со три.
Нека биде во боја!
Фото: Pinterest