СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ, СИЛЕН ВЕТЕР И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ - еве што најавуваат синоптичарите
Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 06:54
Синоптичарите најавуваат голема промена на времето од денеска, и продор на многу ладен бран директно од Сибир. Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени.
- Токму овој циклон ќе услови пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).
На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема - објаснува Попоски.
Слично време најавуваат и од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето утре ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба
