За 5.000 денари во месеците март и април ќе може да патувате од Истанбул за Охрид или обратно. Авионската линија ќе биде воспоставена денеска. Во екот на туристичката сезона пак цената на билетот ќе чини околу 6.000 денари.
Туркиш Ерлајнс објави и видео реклама за Охрид со која ги повикува патниците да ја посетат оваа уникатна убавина на Балканот.
Летовите од аеродоромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокомпанија ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за кои Министертвото за транспорт ќе обезбедува финансиска подршка за период од 2025-2027 година, согласно јавниот повик што го објави оваа година.
Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.