• Иван Димовски

Фудбалерите на Комо славеа со 1-0 (1-0) во рамките на 32. коло на Серија А против екипата на Торино. Натпреварот на „Џузепе Синигаља“ крај култното езеро Комо му припадна на домашниот тим кој стигна до деветтата сезонска победа.
- Комо - Торино 1-0:
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер и го одигра целиот натпревар за Торино.
По мирниот старт на средбата, единствениот погодок падна во 38. минута и беше дело на Анастасиос Дувикас (1-0). Гркот доби центаршут од Војвода и со глава го матира Вања Милинковиќ-Савиќ за предност на домашните. Во продолжението торино се обиде да се врати, шанса за гол имаше и Елмас, ама неговиот удар го одбрани Буте.
Имаа „биковите“ еден поништен погодок во завршницата, поточно во 92. минута откако ВАР собата го скрати славјето на Иван Илиќ за мечот да заврши со славје на Комо.
Попладневните натпревари меѓу Верона и Џенова и Фиорентина и Парма завршија без голови.
- Фиорентина - Парма 0-0: