Ивиќ: Што потежок е патот до титулата, толку успехот е посладок!

Филип Ивиќ со пет одбрани беше еден од главните протагонисти во победата на Еурофарм Пелистер над Алкалоид (28-30). По крајот на дербито во Битола, хрватскиот голман испрати честитки до сите актери, а ѝ се заблагодари и на публиката.

„Пред се, честитки до играчите за борбеноста од првата до последната минута, исто така и честити до навивачите кои беа со нас цел меч. Тука пресуди борбеноста и машката игра, морам да испратам честитки и за Алкалоид. Сите знаеме дека што потежок е патот до титулата, толку посладок е успехот. Одиме меч по меч, тешко е да се држат високо ниво и континуитет, но ние покажавме доста доби работи во нашата сала. Се надевам дека ќе ја оствариме нашата цел и на следните два меча со Бутел и Вардар, тоа се два меча кои мора да ги победиме“, изјави Филип Ивиќ

Еурофарм Пелистер е лидер во плеј-офот со девет бода, пред Вардар 1961 кој има осум бода. Алкалоид е трет со четири освоени бода.