Мирни собири по трагедијата во Кочани се одржаа во сите градови во Македонија. Најголем јавен собир се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје на кој повика граѓанската иницијатива „Кој е следен?“
Власта се исплаши од собирањето на граѓаните. Се обиде да го опструира собирот со клевети дека зад тоа стои некаква агенда, партиска, сорос и слична пропагандна реторика. Националната телевизија Алфа и повеќе провладини портали со манипулации се обидоа да го жигосаат протестот и да ги одвратат граѓаните да си ја искажат тагата, болката и револтот. Мета им беа граѓаните и невладините организации и медиуми кои известуваа за јавниот собир.
Многу беше очајна медиумската машинерија на како што ги нарекуваат унгарските медиуми. Трапаво и смешно го вмешаа ЦИВЛ и Дерала како организатори на Собирот.
Но, направија сосема обратен ефект од тоа што го очекуваа.
На првиот јавен собир на 18 март илјадници граѓани излегоа на плоштадот во Скопје и со едночасовен молк без никаков инцидент оддадоа почит за жртвите. Преку немо држење на транспарентите се побара одговорност и правда. Неверојатно гласен беше молкот на присутните.
Полицијата вечерта приведе новинарски екипи на ТВ21 и Ројтерс затоа што снимале со дрон.
На 24 март иницијативата „Кој е следен?“ организираше марш. Река од луѓе низ улиците на Скопје од Плоштад па пред Парламент завршија пред Владата на Македонија. Се бараше правда, кривична и морална одговорност.
За утре сабота иницијативата има настан пред македонското Собрание.
Јане Ѓорѓиоски