logo
logo
logo

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси

Vecer | 01.04.2025

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси

Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“.

- Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, рече Трамп, кој минатата година беше осуден во случајот за скриени исплати кон порно актерка.

Тој, исто така, изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „исполни својата страна од зделката“, откако вчера го изрази своето незадоволство од пречките што го забавуваат мировниот договор меѓу Русија и Украина.

- Мислам дека тој ќе го исполни тоа што ми го кажа. И верувам дека сега ќе ја исполни својата страна од зделката. А потоа и (Володимир) Зеленски, се надевам, ќе ја исполни својата, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk