Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремени врнежи, температурата до 11 степени

Денес, четврток, 30 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 11 степени.

Утре, петок, 31 јануари во Битола времето ќе биде претпладне со можна појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 11 степени.