Четири дена се трага по исчезнатиот жител на штипското село Степанци

Од:

Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето последен пат било видено на 5 април 2025 година, а за исчезанто било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот на бројот за итни случаи 112.

– За неговото исчезнување се известени МВР Штип и Општина Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани кои можат да помогнат и помагаат во потрагата, информира Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.

Вчера од роднини и пријатели е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци и околу другите блиски села. Претходниот ден (8 април 2025 година) во потрагата биле вклучени 15 лица, меѓу кои и двајца вработени од РЦУК Штип, кои доброволно се вклучиле во потрагата.

– Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. И жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, се наведува во соопштението од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Гром усмрти маж во прилепско

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Исчезнат е повеќе од една седмица: масовна потрага по човекот од Степанци

ЦУК: Дрвја што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

Горан Наумовски

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484

Дел од повредените ќе се пренесуваат во болници во европски држави