Иванковиќ потпиша за ГРК Охрид
- Хрватскиот ракометар Анте Иванковиќ е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026.

Охрид, 3 април 2025 (МИА) – Хрватскиот ракометар Анте Иванковиќ е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026.
Иванковиќ денес потпиша договор со важност две години почнувајќи од следната сезона.
Дваесет и четиригодишниот Иванковиќ е дел од поширокиот состав на хрватската репрезентација под кормилото на Перковац и Сигурдсон, а ги има поминато и сите младински категории на репрезентацијата на Хрватска.
Хрватот во ГРК Охрид доаѓа од Штутгарт по две минати сезони, а пред тоа бележеше одлични настапи во тимот на Целје во Лигата на шампионите постигнувајќи 80 голови во две сезони. Пред Целје својата кариера ја има започнато во Дубрава (Хрватска). зс/
Фото: ГРК Охрид