• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата

У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата

 

Лучко, 1 април 2025 (МИА) – Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години забележа денеска минимална победа од 1:0 против селекцијата на Литванија во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Б дивизијата.

На стадионот во хрватскиот град Лучко, избраничките на селекторот Астрит Мерко дојдоа до победата во судиското продолжение со автоголот на Јотвиле Шапаите.

Во вториот натпревар од групата Б5, домаќинот на квалификацискиот турнир Хрватска ја совлада Ерменија со 6-0.

На 4. април, во рамки на 2. коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, а во завршното коло, на 7 април против Хрватска. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан