Нападот се случил на линијата М2 околу 2.30 часот, а жртвата била оставена да лежи во локва крв меѓу седиштата.
Напаѓачот, кој се уште не е идентификуван, успеал да ја отвори вратата од трамвајот и да избега.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, каде на повредениот му била укажана прва помош, а потоа итно пренесен во болница.
Според фотографиите, кои ги објави Билд, може да се види дека жртвата се здобила со сериозни повреди, бидејќи подот на трамвајот бил покриен со крв. Раката на мажот наводно била тешко повредена во нападот.
Мотивот засега не е познат, а полицијата се уште трага по сторителот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата