Зголемен бројот на странски туристи во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2024 година изнесува 107 672, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2024 година изнесува 211 611, од кои 32.5 % се од домашните туристи, а 67.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 14.7.%.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за 9.9.%.

Можеби ќе ве интересира...

Повторно Apple симнат од тронот : Ова е највредната компанија во светот

BiznisPRO

Во јули: Годишен раст од 7,3% на вкупните депозити и од 7,3% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Лоша вест – повторно поскапување на горивата

BiznisPRO