Музика Una Storia Importante

Ерос Рамацоти најави светска турнеја

Меѓу последните песни на Ерос Рамацоти е „AMA”, која е дел од новиот албум „Battito Infinito”. Со оваа песна ја најавува и неговата нова светска турнеја.

Ерос Рамацоти најави светска турнеја

Италијанската поп-ѕвезда Ерос Рамацоти ја најави светската турнеја „Una Storia Importante“, која почнува во февруари 2026 година. Тоа ќе биде патување низ најмалку 30 земји: Италија, Европа, Северна и Јужна Америка и Австралија.

Турнејата е наречена „Важна приказна“, бидејќи „говори за длабоката врска меѓу Ерос и неговата публика, автентична и трајна врска која опфаќа време, граници и генерации“, се вели во најавата на концертите. Инаку, „Una Storia Importante“ е и позната песна на италијанскиот заводник, што тој ја изведе на „Сан Ремо“ во 1985 година.

Од поблиското наше соседство, тој ќе настапи и во Хрватска – во „Арена“ во Загреб, на 28 април 2026 година, објави организаторот на концертот.

Заедно со концертите во родниот Рим, Удине, Милано, Неапол, Месина и Бари, специјален настап во живо е најавен на стадионот „Алијанц“ во Торино. Така, Рамацоти ќе стане првиот уметник кој ќе настапи во домот на фудбалскиот клуб Јувентус.

Меѓу последните песни на Ерос Рамацоти е „AMA”, која е дел од новиот албум „Battito Infinito”. Со оваа песна ја најавува и неговата нова светска турнеја.

Најнови вести од Музика

To top