Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
Најмалку 113 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република Санто Доминго, соопштија официјални лица.
Меѓу жртвите се и гувернерот на провинцијата и поранешен бејзбол-фрлач на големата лига, Октавио Дотел. Дотел (51) починал на пат кон болница откако бил извлечен од урнатините.
Инцидентот се случи во раните утрински часови вчера на концертот на популарниот пејач Руби Перез во ноќниот клуб Џет сет. Тој е меѓу загинатите во инцидентот, изјави неговиот менаџер.
Стотици луѓе беа внатре, а околу 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани. Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе се зголеми.
Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендез, рече дека се надева оти многу од затрупаните под урнатиот покрив се сè уште живи.
Џет Сет е популарен ноќен клуб во Санто Доминго кој редовно одржува концерти во понеделник навечер. Присуствуваа политичари, спортисти и други истакнати личности.
Меѓу жртвите е и Нелси Круз, гувернерка на провинцијата Монте Кристи, изјави претседателот Луис Абинадер. Таа беше сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен ол-стар во бејзбол лигата.
Еден од членовите на бендот на Руби Перез изјави за локалните медиуми дека клубот бил полн кога колапсот се случил „околу 1 часот по полноќ“.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура