Италијанскиот првак Олимпија Милано оствари огромна победа во 24. коло од Евролигата, совладувајќи го на домашен терен бранителот на титулата Панатинаикос со 87-75.
Зек Ледеј го одигра својот најдобар натпревар сезонава, постигна 33 поени со пет тројки од седум шута и ги искористи сите слабости на грчкиот шампион. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот помина 11 минути и за тоа време постигна четири поени, две асистенции и еден скок.
Ова е 13. победа за Олимпија Милано сезонава и со неа си ги продолжи шансите за пласман во плејинот.
Убедлива победа оствари и тимот на Ти Џеј Шортс, Париз кој на домашен терен беше подобар во француското дерби со Асвел со 91-82. Ширтс одигра 24 минути и постигна 13 поени, шест асистенции и три скока.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Баерн 82-97
Макаби – Алба 87-93
Олимпија Милано – Панатинаикос 87-75
Париз – Асвел 91-82
Басконија – Барселона 88-86
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.