Меси од волеј за бод на Интер Мајами

Триесет иседумгодишниот аргентински фудбалер Лионел Меси постигна нов гол за Интер Мајами, а неговиот тим ремизираше 1:1 на домашен терен против Торонто во седмото коло од МЛС лигата.

Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Гостите поведоа со голот на Италијанецот Бернардески, поранешен играч на Фиорентина и Јувентус, додека Меси беше стрелец за 1:1 во петтата минута од судиското надополнување на првиот дел.

Меси постигна гол со волеј, негов трет сезонава во МЛС. По шест одиграни натпревари, Интер Мајами има четири победи и две нерешени резулати и се наоѓа на второто место во поредокот на Источната конференција со 14 бодови. Пред него е само Колумбус кој има 15 поени, но и натпревар повеќе.

Како и Меси, така и хрватскиот напаѓач Петар Муса, членот на Далас, има постигнато три гола во досегашниот тек од новата сезона од МЛС лигата, додека играчот на Орландо, Марко Пашалиќ, кој до неодамна настапуваше за Риека, има четири гола. На првото место во листата на стрелци е Израелецот Таи Барибо, членот на Филаделфија, со шест гола.