25.8 C
Скопје
15:01 - 18 април, 2025

Нападната тетката на Јелена Карлеуша во Белград: Таксист со автомобил тргнал кон неа!

Тетката на Јелена Карлеуша, Данијела, била брутално нападната во Белград. За инцидентот таа лично извести преку својот профил на Фејсбук, откривајќи ги деталите за немилиот настан.

Според нејзините зборови, таксист ја нападнал, тргнал со возилото кон неа, а потоа се обидел да ѝ ги отвори вратите. Потоа, почнал да удира по нејзиниот автомобил и постојано ја навредувал. За среќа, интервенцијата на обезбедувањето од клиниката каде што работи ја спасила од потешки последици.

„Што да ви кажам, освен браво, дволична толпо! Денес ме нападна таксист – се залета со автомобилот, се обиде да ми ги отвори вратите, а потоа почна да удира по мојот автомобил, пцуејќи ме цело време. Да не беа двајцата од обезбедувањето на клиниката каде што работам, немаше ни да се тргне. Тек тогаш ‘јунакот’ се повлече. Го повикав такси здружението – немаат поим. Го повикав полицијата – да одам јас да дадам изјава…“, напиша вознемирената Данијела, сестрата на покојната Дивна Карлеуша.

Јелена Карлеуша во повеќе наврати јавно истакнувала колку е блиска со својата тетка Данијела.

„Данијела, родена сестра на мојата мајка, мојата најголема пријателка и поддршка, мојот најстрастен навивач, моја крв. Жената со која пораснав, која секој денар како девојка го трошеше на мене, која учеше со мене како што сега учи со Атина и Ника, која одеше на родителски и ги покриваше моите неоправдани. Жената со која првпат излегов во ноќен живот, без да знае мама Дивна…“, напишала Јелена во една пригода.

„Заедно поминавме низ многу тешки моменти, но таа остана истата Данчe – весела, искрена, насмеана и неискварена. Беше покрај мојата мајка до последниот момент… Заслужуваш сета среќа на овој свет, Данчe мое…“, додала Карлеуша.

Слични објави

Николина Пишек отиде чекор понатаму: Нема да верувате каква естетска корекција направи

Еспресо

Нада Топчагиќ откри зошто биле скарани со Зорица Брунцлик: „Беше злобна и ме гледаше попреку“

Еспресо

Дневен хороскоп 18 април: Овните ќе бидат отворени за нови идеи, Лавовите ќе имаат флерт со позната личност

Еспресо

Гоца Тржан со болна исповед: Космички имам две деца, едното е со мене, другото не

Еспресо

Анабела ѝ одговори на Весна Ѓогани: „Ма, нека зборува што сака! Ми се смачи од тоа!“

Еспресо

Соседите на Сенида за нејзината тажна судбина: „Беше затворена дома со месеци!“

Еспресо