• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини

Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини

Хелсинки, 1 април 2025 (МИА) – Финскиот премиер Петери Орпо денеска најави дека неговата земја ќе ја напушти меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини и тоа го објасни како потреба од зајакнување на земјата поради руската закана.

- Финска и Европа треба да ги оценат сите мерки насочени кон зајакнување на нивните капацитети за одвраќање и одбрана, поединечно и во рамките на НАТО … Предлагаме Финска да почне да го подготвува своето повлекување од Конвенцијата од Отава, рече Орпо на прес-конференција.

Тој го објави ова две недели откако слични планови објавија Полска и трите балтички држави, Литванија, Летонија и Естонија.

Полска и балтичките земји на 18 март соопштија дека сакаат да се повлечат од меѓународната конвенција со која се забрануваат противпешадиски нагазни мини поради зголемената закана од руска агресија. јт/

Фото: Anti-Personnel Mine Ban Convention на Фејсбук

Остани поврзан