Македонија остана на 67. место на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација се задржа на 67. место на ФИФА ранг-листата, не бележејќи ниту напредок ниту пад на најновото рангирање што светската куќа на фудбалот го објави денеска.

„Црвено-жолтите“ успешно го стартуваа новиот квалификациски циклус за СП 2026, рутински триумфирајќи на гостувањето во Лихтенштајн по што следеше несреќното реми со Велс со примениот гол буквално во последната секунда. Токму тој примен гол придонесе да не забележиме скок во рангирањето, па така пред нас остануваат селекциите на Јордан, Јамајка, Буркина Фасо, Обединетите Арапски Емитари и Албанија…

Аргентина останува на чело на светскиот репрезентативен фудбал, а рокада има на второто место, по скокот на Шпанија преку Франција што по „триколорите“ паднаа на третата позиција. Во Топ 10 репрезентации на најновата ФИФА листа има место и за Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.

Се вчитува...