Осумкратниот светски шампион Марк Маркез на Дукати ја запиша својата трета победа оваа сезона од четири трки на патеката Лусаил, а по седми пат вкупно се најде на највисокото скалило на подиумот во 2025 година, откако досега беше незапирлив во спринтот.
За Маркез, ова беше 114 подиум во кариерата, израмнувајќи се со Хорхе Лоренцо.Шпанецот славеше пред Маверик Вињалес од тимот Тех3, додека Франческо Бањаја исто така се најде на подиумот на вториот Дукати, откако се проби од 11 позиција на стартот.
Франко Морбидели ја помина целта на четвртото место, кој беше 173 илјадитинки побрз од Зарко. Шести беше возачот на Гресини, Фермин Алдегер, а во првите 10 завршија и помладиот брат на Марк, Алекс Маркес, Фабио Квартараро, Педро Акоста и Марко Бецеки.
Маркез е водечки во генералниот пласман со 123 поени, 18 повеќе од неговиот помлад брат Алекс, додека Бањаја е трет со 93 поени.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Шпанија во Херез од 25 до 27 април.