Вести
ХРВАТСКА И ПОЛСКА СО НАЈВИСОК РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕУ
25.03.2025
Во последната година, Хрватска забележа најголем раст на платите меѓу земјите од Европската Унија. Платите во Хрватска се зголемени за 13,9 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во споредба со истиот период од 2023 година.
Полска е веднаш зад Хрватска со пораст на платите од 13,8 отсто, додека Романија е на трето место со 13,1 отсто. Меѓу земјите со двоцифрен раст на платите се Бугарија (13,0%) и Унгарија (11,9%).
Просечниот раст на платите во Европската Унија беше 4,8 отсто.
Најмал раст на платите во набљудуваниот период има во Франција (1,7%) и Луксембург (0,9%), пренесува Н1.
фото freepic