Српскиот полицаец Лазар Баќиќ потврди дека бил повреден од колеги, а не од студенти

од Milan1
234 прегледи

Офицерот во српската жандармерија Лазар Баќиќ, за кого српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавија дека студентите му го повредиле окото додека протестираа пред зградата на Радио телевизија на Србија во понеделникот вечерта, потврди денеска во разговор со својот поранешен полицаец и „земјак“ од Лозница, Слободан Пајиќ, дека бил повреден од колега од неговата единица.

Српскиот портал Радар објави аудио снимка на која се слуша како повредениот офицер потврдува дека бил удрен од припадник на Жандармеријата.

Инаку, видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Баќиќ бил удрен со службена палка во лицето од неговиот подреден, припадник на одредот на белградската жандармерија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ова ги обвини студентите, но видео снимките покажаа поинаку.

Слични содржини