• Горан Упале

Ракометарите на Пролет денес означија почеток на подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Тренерот Александар Јовиќ на располагање ќе ги има речиси сите ракометари од првиот дел од сезоната, а како што тоа е вообичаено за Пролет – македонските ракометари и нивниот развој ќе биде приоритет и во наредниот период. Предвидено е во наредниот период екипата да тренира во Скопје, по што ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.
Единствениот кој си замина од редовите на Пролет зимава е тунискиот интернационалец Мохамед Рарик Бахар. Десниот бек го мина првиот дел од сезонава како позајмен играч од Вардар 1961, но поради семејни причини реши да се врати назад во татковината.