• Иван Димовски

Миленикот на австралиската публика, секогаш интересниот и контроверзен Ник Кирјиос го заврши настапот на Австралија Опен уште во првото коло.
Кирјиос немаше сили против Џејкоб Фернли од Шкотска, кој мечот го доби со сигурни 3-0, иако се водеше голема борба во сетовите. Омилениот тенисер на австралиската публика пружи битка, меѓутоа не успеваше да го материјализира тоа.
Првиот сет Фернли го доби со 7-3 во тај-брејкот, вториот го реши со еден брејк и 6-3. Веќе во третиот борбата продолжи со по еден одземен сервис и одново се играше тај-брејк кој Шкотланѓанецот го доби со 7-2.
Во второто коло Фернли оди на дуел со Артур Казо.